Котевски: ВМРО-ДМПНЕ е спремна за техничка влада пред избори

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за формирање на техничка влада за организирање на избори, изјави за „Мета“, портпаролот на владејачката партија, Иво Котевски.

– Согласно Договорот од Пржино, се предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и има намера да го почитува Договорот. Изборите се кремот на Договорот и тие треба да го трасираат патот за излез од политичката криза во која СДСМ ја втурна државата – изјави Котевски.

Формирање на нова техничка влада за спроведување на реформите потребни за одржување на фер и кредибилни избори, претходно најави  и СДСМ. Од таму не откриваат дали во моментов се водат разговори за формирање на таква влада и за нејзиниот формат.

Инаку, Холандската амбасада во петокот предупреди дека во таква влада не смее да бидат дел лица кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство.