Претседателот Ѓорге Иванов упати апел до Грција да не дозволи проблемот со името да биде пречка за соработка на двете земји на полето на безбедноста и во справувањето со бегалската криза. областа на безбедноста и понатаму да биде заложник на нерешениот спор за името.
– За време на самитот за бегалската криза во Брисел имав средба со премиерот Алексис Ципрас и разговаравме за оваа тема, за прашањата за движењето на терористите и странските борци. Побарав да почнеме да добиваме најави, кога доаѓаат грчките бродови со бегалци, колкави групи луѓе надоаѓаат, за да можеме да се мобилизираме. Во еден ден имаше 14.000 луѓе на границата, без никаква најава. Единствено ниво на комуникација има меѓу полицајците на терен. Премиерот Ципрас вети дека ќе го иницира ова, но се уште немаме одговор. И директорот на Бирото за јавна безбедност упати барањето до својот хомолог во Грција, но нема одговор – изјавил Иванов на брифингот со грчките новинари кои се во посета на Македонија поради бегалската криза.