Од Кабинетот на претседателот испратија соопштение до медиумите во која се осудува денешниот инцидент во Битола во кој беше нападнат објектот на Националната установа „Музеј на албанската азбука“.
Според соопштението, Ѓорге Иванов верува дека ова е изолиран случај и повикува инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста.
-Претседателот Иванов апелира и до секој поединец да се однесува одговорно и да ги има предвид можните последици од ваквите инциденти. Тој повикува на понатамошно почитување и на унапредување на меѓусебните односи, како и на градење на заедничкиот соживот- стои во соопштението од кабинетот на претседателот.
Претходно денеска пак, Иванов испрати писмо до меѓународната заедница во кое побара да се осуди албанската платформа.