461
Во Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов врамен стои Манифестот на четвртиот Илинден на иницијативата „За заедничка Македонија“. Народната канцеларија, освен со Манифестот, е збогатена и со логоата на иницијативата „За заедничка Македонија“ кои се залепени од внатрешната страна на прозорците, а се гледаат однадвор, објавува Призма.
БИРН во петокот ја посетил народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје, од каде што барале одговори зошто симболи од оваа иницијатива, чии што приврзаници ги предизвикале инцидентите во Собранието од 27 април, се поставени во канцеларијата, на што добиле одговор дека најверојатно некој додека се потпишувал во книгата за поддршка на претседателот, ги залепил и симболите.