Иванов го свика Советот за безвезност

by lali 14:09
14:09

ivanov manakiПретседателот Ѓорге Иванов, откако пред неколку недели го свика Советот за безбедност, денеска го оформи и Советот за безвезност.

Станува збор за советодавно тело во кое членуваат истакнати дејци од оваа област и сите допринесуваат шефот на државата да изгради што е можно побезвезен став, кога тоа, нормално е потребно. Според нашите информации фразата „разумен компромис е разумен компромис“ потекнува токму од еден од поранешните состави на Советот за безвезност.

- Advertising -

Советот го сочинуваат експертите Ивица Боцевски и Тања Каракамишева, новинарката Мирка Велиновска, неименувам претставник од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и Амди Бајрам, додека вистинско изненадување е што во овој совет, за разлика од оној за безбедност, е што во него членство прифатил и Артан Груби, пратеник и шеф на кабинетот на Али Ахмети.

– Јас лично сметам дека на претседателот не му треба помош во оваа област, меѓутоа секогаш сме тука да помогнеме – смета Боцевски.

Disklejmer

Поврзани новости