300
Ги повикувам сите учесници во политичкиот дијалог во следниот период да се однесуваат разумно и одговорно и од нив очекувам посветен, одговорен и доследен пристап кон дијалогот за да се врати политичката стабилност во Македонија, реагираше претседателот Ѓорге Иванов преку писмено соопштение.
„Граѓаните очекуваат политичка зрелост и подготвеност за институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите. Граѓаните очекуваат резултати и одржливи решенијас. Сите треба да постапуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државата“, порача Иванов.
Според него, постои оптимизам за надминување на актуелната политичка криза во Македонија.