577
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска објави дека донел одлука да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој отслужува затворска казна. Со ова престануваат сите кривични постапки кои се водат против сите политичари, и од власта и од опозицијата.
Иванов на денешната пресконференција на која ја обзнани оваа одлука, тврдеше дека ваквото решение го донел сам без никој да му се меша, дури не ги ни известил политичарите, бидејќи, како што рече, некој од нив можеби е убеден во својата невиност и сака да ја докажува во судска постапка.