Иванов: Ги аболицирав сите политичари за тие да се помират едни со други

by Фокус 15:47
15:47

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска донесе одлука да ги аболицира сите политичари кои се осомничени и осудени во случаи поврзани со прислушувањето. Аболицијата се однесува на политичарите и од власта и од опозицијата, а одлуката што Иванов ја потпишал денеска, стапува во сила веднаш. Со ова се прекинати сите постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

-Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република  Македонија, рече Иванов.

Тој оцени дека кризата е нечиј туѓ интерес и за нечии туѓи цели, за некој кој сака да ја оствари својата цел преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи.

- Advertising -

-Погледнете што им се направи на нашите политичари и од власта и од опозицијата. Тие толку многу завојуваа што работите отидоа толку лично и далеку. Си отворија меѓусебно толку многу кривични постапки што сега и едните и другите се подготвени да употребат секакви можни средства само да не бидат поразени на следните избори, зошто не знаат до каде оди другата стана во продлабочувањето на личната пресметка, реваншизмот, омразата и ксенофобијата, загрижено рече Иванов.

Поврзани новости