Иванов: ЕУ е виновна за состојбата со мигрантите во регионот

by Фокус

Ако Европската унија навреме го интегрираше регионот кој сега бегалците го користат како коридор состојбата со мигрантите ќе беше поинаква, шенген-границите ќе беа заштитетни, а одговорноста на државите ќе беше поделена, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

– Унијата дозволи балканскиот коридор да стане лавиринт во кој се заглавија и мигрантите и земјите-кандидати за членство во Унијата. Сега и државите и мигрантите ги трпат последиците од овие пропусти на Унијата – рече Иванов.

Според него, мигрантската криза ја разоткри суштината на Европа, која, истакнува тој, е фокусирана на самата себе, неодлучна кон соседството и рамнодушна кон мигрантите.

Поврзани новости