Лидерите на политичките партии денеска ќе имаа поединечни средби со еврокомесарот Јоханес Хан, кој заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, пристигна во Скопје.
Единствено, претседателот, кој главен играч во мртвата трка по нова влада ескивира да се сретне со еврокомесарот. Како што јави САКАМДАКАЖАМ.МК, Ѓорге Иванов нема да се сретне со Хан, бидејќи најверојатно се уште не е вратен од Унгарија.
Извори од Мисијата на ЕУ во Скопје кои не се овластени да даваат изјави потврдуваат за порталот, дека засега претседателот Иванов не е во распоредот на серијата средби што комесарот Хан ќе ги има попладнево во Скопје. Сепак, оставаат резерва дека можеби во вечерните часови ќе се создадат услови за средба со Иванов.
Инаку, средбите со Хан почнуваат после 14 часот, а еврокомесарот најпрво ќе се сретне со со лидерот на Беса, Билал Касани.