Заев: Нема шанса Груевски да биде дел од новата влада

by fokus 23:02
23:02

За никого на светот не е прифатливо Никола Груевски да биде дел од широка владина коалиција, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Ал Џaзира Бакланс, пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан.

-Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансики криминал најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата.

- Advertisements -

Според Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема друга опција, освен да се повлече во опозиција и да дозволи мирно предавање на власта.

-Ние ги повикавме сите чесни граѓани, патриоти, нивни симпатизери да ја коментираат нашата програма. Тој треба да е подготвен да премине во опозиција. Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократко предавање на власта и ништо друго, рече Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

-Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните инстиуции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на пшроцесите ја турка Македонијанемило сценарио. Време е по 10 ипол години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја- порача Заев.

Поврзани новости