381
Договорот меѓу политичките лидери од Скопје да се организираат нови предвремени парламентарни избори до април следната година не значи дека парламентарните и претседателските избори во 2014 година се спорни и нелегитимни, изјави претседателот Ѓорге Иванов во емисијата „Топ тема“ на Телма.
– Изборите се добра волја на власта за да се надмине кризата. Но, очигледно опозицијата не е подготвена за тоа. Секоја криза се решава со избори – рече Иванов, кој е уверен дека набрзо ќе дојде до решение на оваа криза.