Цивил: Градоначалникот на Битола забрани наш јавен настан

by Фокус

Невладината организација Цивил денеска соопшти дека градоначалникот на Битола, Владо Талевски, им забранил да одржат настан во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“. Настанот бил уредно најавен и во битолската полиција.

Образложението кое Талевски им го дал како причина што не може да им дозволи да го одржат настанот, било дека просторот е зафатен од фестивалот Битфест, кој започнува на 25 јуни.

-Ова е неприфатливо однесување на локалниот моќник во Битола, кој очигледно не е заинтересиран за социјалната правда во неговата општина, а кон јавниот простор се однесува како да е негов приватен двор. Талевски, кои се вистинските мотиви за забраната за одржување на овој двочасовен настан на ЦИВИЛ?, прашуваат од невладината организација.

Барањето на Цивил било да им се овозможат два квадратни метри, колку што зафаќаат масичката за проекторот и платното за проекција, потребни да се одржи овој настан.

Поврзани новости