Претседателот Ѓорге Иванов на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации за движења на бегалци и мигранти, се пожали дека Македонија нема доволна поддршка од Европската унија во справувањето со бегалската криза.
Иванов рече дека иако државата презеде одговорност да биде чувар на портите на Европа, таа се уште нема пристап во базите на податоци на ЕУ за за внес и споредба на податоци на мигранти и странски терористички борци и нема разузнавачка соработка.
-Сакам да упатам порака до Европската Унија: На Македонија и е потребна помош за да ви помогне Вам. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ. Македонија ќе делува во насока на заштита на националната безбедност. Какво било решение кое вклучува прием и сместување на мигранти и отворање на бегалски кампови во земји кои не се членки на ЕУ нема да биде одржливо и не смее да биде дозволени – порача Иванов.
Претседателот додаде дека на ЕУ и се потребни стабилни и безбедни трети земји кои се на географска позиција да ги контролираат портите и да ги заштитат коридорите. Според него, предивиците на безбедноста на ЕУ се повеќе зависат од лидерството, политичката стабилност и кризниот менаџмент на владите на третите земји кои се главните точки за излез и влез на коридорите.