КХВ привремено го стопира преземањето на „Макпетрол“

by fokus

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на денешната седница донесе заклучок да ја прекине постапката за издавање дозвола за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан петролеум холдинг лимитед“.

Како што велат од Комисијата, постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган.

-Ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение не може да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата повторно ќе заседава по барањето откако претходното прашање ќе го реши другиот надлежен орган.

Инаку Комисијата за хартии од вредност веќе еднаш го одложи барањето на „Балкан петролеиум“ за преземање на „Макпетрол“ барајќи да се достави дополнителна документација. Странска компанија со седиште во Лондон, основана и од кипарски фирми пројави интерес за преземање на „Макпетрол“ во јуни годинава за што понуди 47 милиони евра.

Поврзани новости