545
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја прими Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Француската Република.
На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.
Како што соопшти Кабинетот на Иванов, беше изразено задоволство од континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање.
Во контекст на европските и евроатлантските аспирации на Македонија, претседателот Иванов истакна дека членството во ЕУ и НАТО останува наша стратешка цел.