Иванов: Без датум за преговори ќе паднеме во уште пожестока криза

by Фокус

Ако политичкиот договор се реализира според планот и ако изборите бидат успешни, а сепак не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ или нешто што ќе ја помести оваа статус кво состојба, јас сум убеден дека во Македонија повторно ќе имаме криза, можеби и уште пожестока од оваа, порача претседателот Ѓорге Иванов во интервју за МТВ.

– Искуството од претходните кризи покажува дека ние можеме и сами да се справуваме. Но, одредени политички актери во Македонија не сакаат тоа да се води во државата, од институциите во државата. Моја иницијатива беше решавањето на првата криза, таа пред две години и решавањето на оваа криза беше на моја иницијатива. Но таков е табиетот на нашите политичари кои повеќе веруваат на другите отколку на сопствените институции – рече Иванов.

 

Поврзани новости