Судот против обвинителството да му се одземе пасошот на Заев

by Фокус

Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“.

Воедно, судот одлучил да се укине и мерката според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секоја недела.

Инаку, ново рочиште за случајот е закажано за 7-ми октомври, но се очекува предметот да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости