Ахмети и на Волерс му рекол дека не го признава Иванов

by Фокус

На вчерашната средба меѓу Али Ахмети и американскиот амбасадор Пол Волерс, лидерот на ДУИ потсетил дека апсолутното мнозинство на Албанците не гласаше на претседателските избори и не се чувствува претставувано од страна на актуелниот претседател.

„На изборите на 13 и 27 Април, Албанците се одредија против концептот на избирање на еднопартиски претседател и се одредија за концептот на консенсуалност, помирување и еднакво претставување од страна на институцијата претседател. Во отсуство на легитимноста од Албанскиот електорат, актуелниот претседател не може да претендира дека ги претставува и Албанците и да носи одлуки и во нивно име“, стои во соопштението на ДУИ за средбата во Тетово.

ДУИ информираат дека соговорниците размениле мислења околу политичките случувања во земјата, евроатлантската интеграција на Македонија и решавањето на прашањето со името, меѓуетнички односи, но и реформите во земјата.

„Ахмети побара поголема ангажираност на меѓународната заедница за да се надмине спорот со името со јужниот сосед и говореше околу итната потреба за реформи во судството за да се овозможат предуслови за подигање на довербата кон правдата. Предрасудите на одредени судии и обвинители ги отежнуваат и реформите во владеењето на правото, но и меѓуетничките и меѓуверските односи како и соживотот“, му објаснил Ахмети на Волерс.

Поврзани новости