695
АСНОМ нѐ обвзува дијалогот да го водиме во институциите на државава, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов на прославата од 111 годишнината на Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ.
Иванов на скопскиот плоштад, пред споменикот на Методија Андонов Ченто потенцираше дека АСНОМ подоцна бил засенет од режимот кој проголтла многу македонски јунаци како Ченто.
За првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Иванов рече дека не прифаќал директиви и тоа го правел по цена на својата слободата и оти
– Бил виновен затоа што искрено сакал да бидеме свои на своето. Кога му се судеше на Ченто, му се пресуди на АСНОМ – истакна Иванов.