Мотивот да ја донесам одлуката за општа аболиција ми беше да ги искористам сите механизми да се обезбедат фер и демократски избори без никакви притисоци и сценарио, рече претседателот Ѓорге Иванов на денешното интервју со главните уредници на неколку телевизии.
– Сакав сите лица кои ќе бидат вклучени во изборниот процес да бидат ослободени од сите истарги. Сите да бидат во нулта ситуација и во иста стартна позиција а Специјалното јавно обвинителство по изборите да си ја вршат својата работа – истакна тој.
Иванов посочи оти државата се наоѓа во длабока криза и затоа морало да се направи рез, за да се одржат фер и демократски избори.
– Очекував да има реакции и им се извинувам на сите, но секој пат се водам од тоа дека државата е пред се и државните интереси се над се. И затоа пред се мора да се организираат фер и демократски избори, кои се дел од Пржинскиот договор – нагласи шефот на државата.