Иванов: Како претседател можам да дојдам и до тајните информации на СЈО

by Фокус

На заедничкото интервју на претседателот Ѓорѓе Иванов со уредниците на неколку телевизии кое предмалку заврши, тој беше прашан и како успеал да дојде до информации од предистражните постапки на Специјалното јавно обвинителство, кои се тајни.

-Во Кабинетот има оддел за помилување кој има пристап до сите институции. Претседателот на државата има начин да дојде до сите информации во државата, рече Иванов.

Претходно денеска на прес конференцијата на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска рече дека и ним не им е јасно како податоците завршиле кај претседателот, бидејќи голем број од лицата кои ги аболицираше никогаш не се јавно споменати.

Поврзани новости