Иванов: 26 години ја негуваме традицијата на соживот и различности

by fokus

26 години вложуваме во татковина, во безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и ја негуваме традицијата на соживот и на почитување на различностите, рече претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска на церемонијата на свечено менување на државното знаме на Македонија што се одржа на платото пред неговиот кабинет.

Во пресрет на утрешниот Ден на независноста, тој додаде дека за иднината на поколенијата, мора да ја направиме Македонија економски силна, напредна и успешна држава, членка на ЕУ и НАТО.

-Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Успеавме да поминеме многу предизвици, и ќе има многу предизвици. Но, и нив само сплотени ќе ги надминеме, рече Иванов.

Поврзани новости