Груевски: Законот за јазици ќе падне на Уставен при поднесување на претставка од кој било граѓанин

by fokus

Заев си поигрува со чувствата на граѓаните од албанска етничка припадност, бидејќи воопшто нема решение за конкретните проблеми на граѓаните, вели лидерот на опозицијата, Никола Груевски.

-Навистина се чудам дали тоа го прави самиот Заев сега пред избори да си поигра со чувствата на албанските граѓани или пак се прави договорено со ДУИ кога однапред се знае дека клучните одредби од законот за јазици што го направиле се неуставни дека тие можат да паднат при поднесување претставка до Уставниот суд од кој било граѓанин на државата, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово.

Тој го повтори ставот дека Владата е дефокусирана од економијата и оти не е заинтересирана за нејзин напредок или за отворање нови работни места, туку се фокусира на прашања кои не ги засегаат граѓаните.

Поврзани новости