Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп, ја откри плочата на ѕидот од зградата во која ќе биде сместена новата американска амбасада во Еруслим. Свеченоста на отворање на амбасадата се случуваше во исто време додека на околу стотина километри, во Појасот Газа, беа убиени над 50 Палестинци, а илјадници ранети од израелската војска.
Настанот ќе биде одбележан со крвта на Палестинците кои протестираа против отворање на амбасада на САД во Ерусалим, организирани од исламистичката група Хамас која повикуваше на Голем повратен марш.
Со овој чекор САД формално ја признава израелската сувереност во Ерусалим, иако во долгогодишниот спор Палестнците положуваат право на источниот дел од градот кој сметаат дека треба да биде главен град на палестинската држава.
„Во име на 45-тиот претседател на Соединетите американски држави ви посакувам добредојде по прв пат во амбасадата на САД овде во Ерусалим, престолнината на Израел“, порача Иванка Трамп на отворањето.
Treasury Secretary @stevenmnuchin1 and Senior Advisor @IvankaTrump unveiled the U.S. #embassy in #Jerusalem, declaring the city, once again, the capital of #Israel: pic.twitter.com/XreXwUpQGs
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) May 14, 2018
Претседателот Трамп во снимена порака емитувана на церемонијата изјави дека САД и понатаму остануваат посветени на мирот помеѓу Израл и Палестина.
„Нашата најголема надеж е мирот. САД остануваат целосно посветени на обезбедување траен мировен договор. САД секогаш ќе биде голем пријател на Израел и партнер кон слободата и мирот“, порача Трамп.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по крвавиот судир на Појасот Газа, акцијата на Израел ја оцени како самоодбрана.
„Секоја земја има обврска да ги брани своите граници. Терористичката организација Хамас објави дека планира да го уништи Израел и да испрати илјадници луѓе да ја пробијат граничната ограда, за да ја постигне својата цел. Продолжуваме одлучно да дејствуваме за да го заштитиме нашиот суверенитет и нашите граѓани“, напиша Нетанјаху на Твитер.