Владата ќе ја разгледува програмата за лекување без партиципација за пензионери

by fokus 10:15
10:15

Владата на Република Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, ќе ги разгледуваат предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, и на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери во Република Македонија за 2018 година.

Како што соопшти владината прес-служба, пред министрите на денешната седница ќе се најде и конечниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Јавна здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија – Скопје.

- Advertisements -

На дневен ред на 68-мата седница е и Извештајот за реализација на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година.

Министрите ќе разгледуваат и три извештаи предложени од Собранието на Република Македонија, односно годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација за 2017 година, годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за примени пријави од укажувачи за 2016 година, како и годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2017 година.

Поврзани новости