648
Ние сме генерацијата која доживеа егзодус од сопствената власт. Оваа власт упорно не ни дава шанса и не игнорира. Оваа власт го урниса образованието и на прво место ја стави партијата, рече Ивана Туферџиќ во своето обраќање пред илјадници граѓани присутни на денешниот марш во Скопје.
„Оваа власт употреби полиција врз најдобрите студенти. Јас сум денес тука да кажам, стоп за бркањето на моите другари. Сакам да живеам во држава во која никој нема да ме етикетира. Сакам држава во која сум заштитена и безбедна, а не нападната од сопствената власт. Нашето востание е востание на сите кои ја сакаат својата држава и слободата. Немаме повеќе лусуз да молчиме затоа што самите порачавме -Доста беше молк“, вели Туфекџиќ.
К.С.