Динко Велев: Не сме ги расчистиле сметките со спомен плочата на Кајмакчалан!

by fokus 16:08
16:08

Динко Велев од Јамбол, ловецот на мигранти објавува дека во најскоро време повторно ќе тргне кон Македонија.

„Не сме ги расчистиле сметките за прашањето со спомен плоча на Кајмакчалан“, вели Динко.

- Advertisements -

Тој минатата недела беше запрен на границата со Македонија при обид да влезе во земјава. Велев не се откажува од намерата и продолжува да ја носи во багажникот спомен плочата во чест на загинатите Бугари во битката на Кајмакчалан, додека не дојде моментот да ја постави на истото место, пренесуваат бугарските медиуми.

Споменикот кој беше диво поставен на Кајмакчалан, го уништи со чекан Миленко Неделковски. По неговите активности тој и Динко влегоа во онлајн војна.

„Ништо не може да ме запре да го ставам споменикот! Тоа е мојата улога во историјата на Бугарија“, вели Динко Велев.

Тој изјави дека нема да го кажува датумот на поаѓање за да не може македонските власти повторно да го спречат да влезе во земјава. Динко инсистира на средба очи во очи со Миленко.

„Уште оди со обезбедување. Го знам секој негов чекор. Имам информатори во институциите во Македонија“, порачува Динко.

 

Поврзани новости