Ивана Трамп бара да биде амбасадорка во Чешка

by fokus

Првата сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, изјавила дека од поранешниот сопруг ќе побара да биде назначена на местото амбасадорка во Чешка, бидејќи го знае јазикот и поради тоа што сите ја знаат.

-Ќе предложам да станам амбасадорка во Чешка. Потекнувам од таму, чешкиот е мој мајчин јазик, сите ме знаат. Позната сум во светот, не само во Америка. Напишав три книги, ги преведоа во 40 земји на 25 јазици. Позната сум како Ивана, навистина не ми е потребно презимето Трамп, рекла поранешната сопруга на Доналд Трамп за таблоидот „Њујорк пост“.

Портпаролот на претседателот на Чешка, Милош Земан, кој во кампањата го поддржа Трамп, веднаш реагирал и изјавил дека тоа би бил „одличен избор“.

Поврзани новости