Итна набавка на тестови и ангажман на медицинските лица од одбрана

by Фокус

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас поради крајна итност.

„Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19 Владата донесе заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на јавните здравствени установи во државата“, соопштија од Владата.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница се усвоени и измените и дополнувањата на Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со телата на починати лица од КОВИД-19.

Поврзани новости