647
>Флавио Ди Муро, пратеник на партијата Лига Север, направи нешто навистина несекојдневно на седницата на италијанскиот парламент откако побара збор.
Кога доби збор, пратеникот извади прстен и ја запроси својата колешка.
„Елиза, дали сакаш да се омажиш за мене?“, запраша пратеникот Ди Муро.
Девојката, инаку, е од истата партија.
Неговите колеги од партијата го поздравија неговиот потег со аплауз, додека пак претседателот имаше помалку разбирање и му замери на таквото однесување.