Италијанска медицинска сестра ги убила своите деца, па се самоубила

by fokus 15:26
15:26

Медицинска сестра во Италија е осомничена дека ги убила своите две деца, момче од седум и девојче од девет години, со смртоносна инјекција, по што си го одзела животот.

Иследниците во северозападното планинско место Ајмавилес, во близина на градот Аоста, претпоставуваат дека 48-годишната мајка составила смртоносна мешавина од лекови, кои ги земала од  болницата во која работела.

- Advertisements -

Жената оставила порака на која пишувало дека веќе не може да го поднесе „товарот на бедниот живот“.

Конечната причина за смртта на мајката и двете деца ќе биде позната по аутопсијата.  Трите безживотни тела во станот ги пронашол нејзиниот сопруг и татко на децата, кога во четвртокот вечерта се вратил од работа. Градските власти велат дека мажот се уште е во состојба на шок.

Семејството честопати било вклучено во хуманитрани активности, децата биле страсни скијачи, кои настапувале низ целата земја. 

Поврзани новости