Италијанска компанија почнува со човечко тестирање на вакцина против корона вирусот, би била готова во септември

by fokus

Во Велика Британија овој месец почнува човечкото тестирањето на вакцина за корона вирусот која ја направи италијанската фармацевтска компанија Адвент-Ирбм во соработка со Институтот Џенер, кој е дел Универзитетот Оксфорд.

Како што јави дописникот на МИА, тестирањето на вакцината ќе се изврши на 550 здрави луѓе.

Од италијанската компанија објавија дека очекуваат вакцината да биде готова веќе во септември, а први бесплатно би ја добиле здравствените работници и безбедносните сили.

Првиот човек на Адвент-Ирбм Пиеро ди Лоронцо, изјави дека се решиле веднаш да преминат на тестирање на луѓе, бидејќи ефикасноста и нетоксичноста на вакцината веќе била тестирана преку ефикасни лабораториски тестирање.

Според ди Лоронцо, тие веќе разговарале со повеќе инвеститори и Влади кои изразиле подготвеност да го помогнат развојот на вакцината.

Инаку, италијанската компанија веќе има развиено вакцина против ебола од која имаат продадено неколку милиони дози.

Поврзани новости