Роберта Бертачи (26) беше пронајдена обесена од шал на фудбалскиот тим Касарано во нејзиниот дом во Италија на 6 јануари, а досега сите докази укажуваа на самоубиство. Но, на инсистирање на нејзината мајка, сведоци дошле во полиција и рекле дека девојката пред немилиот настан се расправала со момчето.
Во моментов нема осомничени за нејзино убиство, но од сослушувањето на нови сведоци се дозна дека на самоубиствениот чин ноќта меѓу 5 и 6 јануари му претходела расправија.
Девојка се скарала со своето момче во клуб во Касарано.
Во моментов истражителите ја потврдуваат оваа приказна, а снимките од надзорните камери покажуваат дека Роберта била во автомобил со своето момче и дека во еден момент налутено го напуштила возилото и продолжила да оди сама.
За овој случај детално сослушан е триесет и петгодишен маж.
Мајката на Роберта, Марина Бономо, е убедена дека некој е одговорен за овој екстремен гест на нејзината ќерка, која била на терапија поради психолошки проблеми.
Но, при обдукцијата и увидот во станот немало што да алудира дека некој ја убил или и помогнал во немилиот чин.