398
Италијанец со комби удрил во двегодишно дете, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 17,40 часот во Куманово, на улица “Средорек”, Д.С.(26) од Италија управувајќи товарно моторно возило, комби “Волсваген” удрил во две годишно дете од Куманово. На детето му е укажана лекарска помош во болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е препратена на лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.