Италија забрани влез од 13 земји, меѓу нив и Македонија

by Fokus

Италија од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на Ковид-19.

На списокот, составен од Министерството за здравство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

– Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патниците од сите други земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.

– Пандемијата е во најостра фаза низ целиот свет, рече Сперанца.

Поврзани новости