Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од церемонијата со која беше пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони, а средбата со неа е во тек.
Претходно тој се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела кој му порача дека Италија целосно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор против руската инвазија.
Матарела му рекол на Зеленски дека му е чест што е во Рим, јавија италијанските медиуми.
– Побарав повторно да се видиме по нашиот разговор пред неколку години и во овие различни околности, ние сме целосно на ваша страна, рече италијанскиот претседател.
Матарела нагласи дека сите сакаат да се постигне мир во Украина. „Тоа мора да биде вистински мир, а не превадање“, изјави извор од кабинетот на италијанскиот претседател.