Италија прогласи вонредна состојба поради корона вирусот

by fokus

Италијанската Влада денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот.

Пратениците ја донесоа одлуката откако се потврдени првите два случаи на зараза со коронавирус во Италија.

Премиерот Џузепе Конте синоќа објави дека двајца кинески туристи кои престојуваат во  Италија се заразени со вирусот, додавајќи дека Владата донела одлука да го прекине воздушниот сообраќај со Кина.

Италијанското цивилно воздухопловство денеска соопшти дека на барање на здравствените служби сите летови меѓу Кина и Италија се прекинати до натамошно известување.

Поврзани новости