Италија може да стане првата земја од ЕУ што ќе ја произведува руската вакцина „Спутник“

by Fokus

Руската вакцина против ковид-19 „спутник“ се здобива со сѐ поголемо прифаќање во Европска Унија, откако шефот на германската регулаторна агенција јавно ја пофали, а Италија би можела да стане прва земја од блокот во која ќе се произведува.

Томас Мертенс, првиот човек на германската комисија за вакцинирање, ја опиша „Спутник“ како „добра вакцина која во еден момент ќе биде одобрена во Европска Унија“.

-Руските научници се многу искусни во развивањето вакцини. „Спутник“ е многу паметно конструирана, кажа Мертенс.

Русија беше критикувана минатото лето откако ја одобри „Спутник“ за широка употреба по само два месеца тестирање врз луѓе. Додека се соочуваше со осудите за затворањето на дисидентот Алексеј Навални, Русија агресивно ја промовираше вакцината на незападните пазари.

Но, резултатите од финалните клинички тестирања, објавени во февруари во магазинот „Лансет“, покажаа дека вакцината е безбедна и дава 92-процентна заштита од ковид-19. Европската агенција за лекови (ЕМА) сѐ уште не ја одобрила вакцината, иако почнала да ја анализира на 4 март, но некои земји од источниот дел на ЕУ веќе почнаа да ја користат. Унгарија и Словачка беа првите земји од ЕУ кои ја нарачаа руската вакцина, а би можела да ги следи Чешка, една од најтешко погодените земји во Европа.

Од јули, вакцината би можела да почне и да се произведува во ЕУ, во италијанскиот град Капонањо близу Милано, откако рускиот Фонд за директни инвестиции потпиша договор со италијанско-швајцарската фармацевтска компанија „Адиен“. Италијанската влада наводно не била свесна за договорот, иако кажа дека тоа е легитимна операција.

-Ако регулаторите заклучат дека вакцината е безбедна, националноста не ме интересира, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Поврзани новости