529
Италија ќе го казни Гугл со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото за заштита на конкуренцијата.
Казната, која изнесува 102,084 милиони евра, е образложена со одбивањето на интернет гигантот на својата платформа Гугл плеј да прифати независна апликација која овозможува пронаоѓање станици за полнење на електрични автомобили, се наведува во соопштението.
– Преку оперативниот систем Андроид и продавницата за апликации Гугл плеј, Гугл има доминантна позиција… Треба да се има предвид дека во Италија околу три четвртини од паметните телефони користат Андроид, објаснува регулаторното тело.