363
Непознати лица вчера истуриле црвена боја врз влезната врата на Амбасадата на Република Грција во Скопје.
-Од Одделот за обезбедување на Амбасадата на Р.Грција е известено дека непознати лица фрлиле две канти со боја на влезната врата на Амбасадата лоцирана на ул. „Борка Талевски“. Местото на настанот било фотографирано и се преземаат мерки за пронаоѓањена сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
Овој инцидент доаѓа во период кога грчкиот претседател во неколку наврати изјавуваше дека Македонија е грчка, а за проблемот со нашата држава му се жалел и на американскиот претседател Барак Обама кој беше во посета на Грција.