Панчевски се заканува со чистка: Има отпадоци во судството, тие прават заговор

by fokus

Има некој овде кој не сака јас да останам на оваа позиција. Јас и не сум пречка, можам да си заминам, но овде се работи за судството, за интегритетот на Кривичниот суд, вели Владимир Панчевски, претседателот на Кривичниот суд за Плусинфо, по вчерашниот инцидент кога шефот на одделот за човечки ресурси Г.С. влегол во дуел со П.Б. една од двајцата портпароли на судот, по што била алармирана полицијата.

„Се што се плука кон овој суд е без аргументи, не слушнавме ниту еден аргумент. Јас говорам отворено за сите работи. И син ми да го прашате ќе ви каже дека ова е хајка против судот и дека сака да го присвои и да го натера на послушност. Правдата ќе си ја најде својата вистина, ова дефинитивно ќе биде катарза на судството и ќе се направи едно прочистување во судството и одредени отпадоци кои не знам како стигнале тука, мислам на тие што го прават овој заговор против судот кои и да се. Зад мене има дела, моите пресуди се пишувани во книги. Од тие пресуди ќе учат генерации. Очигледно е дека треба да има чистка во внатрешните редови“, вели Панчевски.

Поврзани новости