Двајца обезбедувачи синоќа биле нападнати сакајќи да спречат две лица во алкохолизирана состојба да не ги малтретираат гостите, информираа од МВР.
Според полицијата, синоќа во 03,00 часот во Полициска станица Центар вработена во угостителски објект пријавила дека околу 03,00 часот физички биле нападнати Б.Т.(43) и П.П.(33) двајцата од Скопје, вработени во агенција за обезбедување „Натионал АБВ“.
Имено, околу 03,00 часот, додека Б.Т. бил на работно место заедно со неговиот колега П.П., забележале три машки лица во видно алкохолизирана состојба, како истураат алкохол по присутните гости. Б.Т. и П.П. ги замолиле да престанат, по што на излегување од објектот лицата започнале расправија и едно од лицата се обидело физички да го нападне Б.Т., додека во меѓувреме П.П. бил физички нападнат од друго лице при што бил удрен со шише во пределот на главата, по што и третото лице со тврд предмет почнало да го удира во пределот на главата. Од страна на полициски службеници лицата се пронајдени и против истите ќе бидат преземени соодветни мерки.