Ја тепал, па и украл 2.500 евра и сребрен накит

by Fokus

Пеесет и петгодишна струмичанка била ограбена во влезот на зградата каде што живеела, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 18,00 часот во Струмица на ул. „Ката Поцкова“, непознат сторител извршил разбојништво врз Л.Ѓ.(55) од Струмица. Имено сторителот откако се доближил до оштетената, во моментот кога таа влегла во влез од зграда, физички ја нападнал обидувајќи се да и ја земе торбата при што почнал да ја удира со раце во пределот на главата и телото. Л.Ѓ. паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите од десната рака. Напаѓачот ја земал торбата во која според пријавеното имало 76.000 денари, 1070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани новости