440
Едно лице, за кое неофицијално се вели дека бил аболиран од претседателот, денеска пукал во комбе. Пукањето со рафални истрели било пред еден час, информира А1ОН.
Според информациите на порталот, во комбето завршиле неколку куршуми, а лицето, се уште било во неговиот стан од каде што и се пукало. Околу влезот и зградата се силни полициски сили. Зградата се наоѓа во Капиштец. Комбето во кое беше пукано беше празно и нема повредени.
Станот од кој е пукано е во сопственост на лице кое е аболирано од Ѓорге Иванов и за кое има информација дека е сопственик на веб-портал.
Од МВР велат дека повредени нема, а полицијата констатирала дека оштетено е едно комбе.
Фото: А1ОН