Бибер: Груевски или ќе биде на власт или во затвор

by Фокус 14:17
14:17

ЕУ и нејзините членки треба да им се заканат на македонските власти дека нема да ја признаат владата која ќе биде избрана на недемократски избори, вели во интервју за Дојче Веле, Флоријан Бибер, професор на универзитетот во Грац.

Бибер вели дека неизбежно да дојде некоја нова иницијатива, по дебаклот во Виена. По амнестијата од страна на македонскиот претседател досегашните резултати од дијалогот практично беа поништени. Јасно е дека без надворешна интервенција во Македонија нема да има решение.

- Advertising -

ЕУ секогаш повторуваше дека и македонското општество мора да покаже дека сака промени. Гледаме секојдневни протести во земјата и сега не може да се каже дека македонското општество е рамнодушно кон случувањата. Прашање е каква може да биде следната иницијатива, дали ќе се оди во ист правец Европа да посредува и да каже дека двете големи партии мораат да се договорат околу решението. Мислам дека таа фаза е завршена откако претседателот (Иванов н.з.) со амнестијата се обиде да ги згасне досегашните договори. Тоа во таков случај повеќе не е посредување туку појасно мора да се искажат и закани, на пример со санкции или непризнавање на владата. Најголемо е прашањето на изборите, кога и под какви услови ќе се одржат.

Поврзани новости