Центарот за управување со промени и Институт за човекови права во изминативе две години го спроведуваат проектот „Истражувачко новинарство- чувар на демократијата и човековите права, во чии рамки веа изработени голем број на истражувачки стории.
Сите овие новинарски стории и останатите активности можат да се прегледаат на веб-порталот www.istrazifakti.org.mk, која претставува платформа за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите за истражувачко новинарство.
-Уникатноста на платформата е во тоа што граѓанските организации и медиумите меѓусебно соработуваат на истражувачки стории во интерес на унапредувањето на демократијата и заштита на човековите права, беше кажано на денешната презентација.
Истражувачките стории беа објавени и на медиумските соработници и тоа телевизија „Телма“, веб поратлот Нова ТВ и неделникот „Фокус“.