475
Телевизија 24 дознава дека истрагата за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ банка се проширува. Според информации од добро упатени извори со истрагата бил опфатен и братот на осомничениот Бобан С. кој е вработен во НБРМ. Од Централната банка за нашата телевизија потврдуваат дека братот на осомничениот е вработен во НБРМ, но негираат било каква побрзаност на Народната банка со случајот.
„НБРМ не е инволвирана во случајот на ниту еден начин. Случајно е тоа што вработениот е брат на осомничениот, па оттука НБРМ не е поврзана со настанот.“ – велат од НБРМ.
Неофицијално, дознава телевизија дека не е исклучено и МВР како дел од истрагата под лупа да го стави и работното место на братот на осомничениот.