495
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни за време на самитот во Сингапур.
Трамп го објави соопштението по разговорите со висок претставник на Северна Кореја во Белата куќа.
Специјалниот севернокорејски пратеник Ким Јонг-чол пристигна во Белата куќа, со што стана највисок официјален претставник на Северна Кореја кој ја посетува резиденцијата на претседателот на САД во последниве 18 години.
Ким на влезот од Белата куќа беше пречекан од шефот на персоналот Џон Кели, по што замина на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.