Професорката по историја на Филозофскиот факултет, Виолета Ачковска е една од најжестоките подржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, која беше активно вклучена и во протестите на иницијативата за „За заедничка Македонија“.
Таа веќе две години е член на Здружението ГДОМ и е една од најактивните бранители на „ликот и делото“ на Груевски, проширувајќи ја и надградувајќи партиската пропаганда со своите настапи во документаристичките ТВ серијали од македонското историско минато каде што го велича историското ВМРО наспроти другите македонски идеолошки струења.
Таа во јуни, 2007 година станува член на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. Оттогаш Ачковска уште поактивно се вклучува во нападите врз „предавниците“ на државата, а во меѓувреме целото нејзино семејство добива по неколку функции.
Како што веќе пишуваше „Фокус“, нејзиниот сопруг Ристо Ачковски е универзитетски професор, а истовремено седи и на претседателското столче во Надзорниот одбор во АД ЕЛЕМ, кој го назначува владата. Синот на универзитетската професорка, Кирил Ачковски, пред три години, во февруари 2014 година седна во Управниот одбор на фирмата во државна сопственост МЕПСО. Тој истовремено е и директор на Подружницата Оператор на електрична енергија (ОПЕЕ) – АД МЕПСО. Освен него, според обвинувањата на СДСМ, снаата на Ачковски, односно сопругата на Кирил, Елена Ачковска е главен инженер за планирање во МЕПСО.
И.М.